ЖивотУбави совети

Чоколадни колачиња без брашно

Крцкави однадвор, меки и сочни внатре! Многу вкусни, чоколадни колачиња!

Потребни состојки: 3 белки од јајца, 65 гр какао во прав, ½ лажичка цимет, ¼ лажичка сол, 1 лажичка екстракт од ванила, 150гр чоколаден корнфлекс и 360 гр шеќер во прав.

Начин на подготовка: Измешајте ги сувите состојки: шеќер во прав, какао, сол и цимет. Додадете ги белките и екстрактот од ванила и мешајте додека смесата не се соедини. Додадете го чоколадниот корнфлекс. Убаво соединете ја смесата. На плех поставете хартија за печење и вадете од смесата со лажица, една лажица едно колаче. Печете во загреана рерна на 180степени околу 15 минути.

Поврзани статии

Back to top button