ЖивотУбави совети

Што предизвикува прегратката на мајката кај детето?

Гушкајте ги децата често, оти така тие стануваат попаметни. Според најновите истражувања, гушкањето, оваа несомнена форма на физичка приврзаност, е многу важна за развојот на детето. Студијата спроведена во Националната детска болница во Охајо вклучува 125 деца, меѓу кои и предвремено родените.

Откриено е дека гушкањето и нежноста кон децата предизвикуваат силен позитивен ефект врз мозокот и токму со гушкање детскиот мозок побрзо се развива.

Да го сакаш своето дете и да бидеш нежен со него не само што е убаво и хумано, туку е и многу корисно.

За време на прегратки, хормонот окситоцин, кој предизвикува позитивни емоции, се ослободува во големи количини и придонесува за зајакнување на врската помеѓу мајката и детето.

Д-р Натали Метр, раководител на истражувањето, објаснува дека овој едноставен чин има огромно влијание врз мозокот на едно дете.

Поврзани статии

Back to top button