Од насУбави муабети

„Зарем јас и ти не сме како два тома од иста книга?“

Љубовта е смислата на нашето постоење. Без неа, светот би бил едно сиво место во кое никој нема да сака да живее. Токму затоа, денес ја славиме љубовта. Прочитајте ги најдобрите мисли за најубавото чувство.

„Имај доволно храброст уште еднаш да веруваш во љубовта. И секогаш уште еднаш.“ – Маја Анџелоу

„Бакнежот го подмладува срцето.“ – Р. Брук

„Мажот е веќе половина заљубен во секоја жена која го слуша што зборува.“ – Брендан Френсис Беан

„Никогаш не постои време или место за права љубов. Се случува случајно, за миг, во еден сјаен, емотивен момент.“  – Сара Десен

„Ако има љубов, има и живот.“ – Махатма Ганди

„Љубовта е живот. Ако сте ја пропуштиле, сте го пропуштиле и животот.“ – Саи Баба

„Од допирот на љубовта секој станува поет.“ – Платон

„Нема да биде лесно. Ќе биде многу тешко; ќе мора да работиме на ова секој ден, но сакам да го направам тоа затоа што те посакувам. Те посакувам целата, засекогаш, секој ден.  Ти и јас… секој ден.“  – Николас Спаркс

„Кадешто има голема љубов, секогаш има и чуда.“ – Вила Катер

„Зарем јас и ти не сме како два тома од иста книга?“ – М. Валмор

„Човек може да живее и без среќа ако има љубов.“ – Фјодор М. Достоевски

„За нас двајца, домот не е место, ами човек. И конечно сме дома.“ – Стефани Перкинс

„Срцето го сака тоа што го сака. Тука нема логика. Запознаваш некого, се заљубуваш и тоа е тоа.“- Вуди Ален

Поврзани статии

Back to top button