ЖивотУбави совети

Консумирањето риба ја намалува агресивноста!

Едно јапонско истражување докажало дека луѓето треба редовно да јадат риба ако сакаат да ја намалат и избегнат агресивноста за време на стресни ситуации.

Некои видови риба содржат доцосахексна киселина (ДХА), која го намалува агресивното однесување во стресни испитни фази. Секој ден, во период од три месеци, 22 јапонски студенти примале препарат со 1,5 до 1,8г ДХА. 19 учесници во истражувањето добивале лажни препарати. Испитаниците на таа група покажале зголемена агресивност кон другите лица во текот на фазата на учење и испити, во ДХА групата на испитаници однесувањето на студентите останало непроменето.

ДХА се наѓа во мастите на рибите, како што се лосос, скуша и харинга.

Резултатот од истражувањето е многу интересен бидејќи е познато дека Јапонците, како најголеми потрошувачи на риба, и онака земаат повеќе ДХА од Европејците и Американците. Во почетокот на тестот ДХА веќе зафаќала 3% од сите масни киселини во крвта на јапонските студенти. Таа вредност во текот на истражувањето се дуплирала. Кај Американците, но и кај Европејците, според процените, нивото на ДХА е само 1%.

Поврзани статии

Back to top button