ЖивотУбави муабети

Подгответе ликер од ореви!

Во продолжение лесен и вкусен рецепт за ликер од ореви.

Потребни состојки: 10 каранфилчиња, 23 незрели ореви (со лушпа), 1 стапче цимет, 3дл бело вино, 1л алкохол од 95 степени, 600гр шеќер и кора од еден лимон.

Добро избришете ги оревите со влажна крпа. Оставете ги исушените ореви да отстојат една ноќ врз крпа на свежо и проветрено место, или пак да отстојат половина ден на сонце. Потоа исечете ги на четири дела. Ставете ракавици на рацете за да не ви се обојат., а од истите причини ставете весници на работната маса. Оревите ставете ги во стаклена тегла. Додајте ги циметот, каранфилчето, кората од лимон, виното и шеќерот. Полијте ги со алкохолот и херметички затворете ја теглата. Оставете ја на сонце 40 дена. Секој втор ден промешувајте ги сосотојките со дрвена лажица. Потоа исфилтрирајте го ликерот и ставете го во шишиња. Затворете ги шишињата со тапи и уживајте во ликерот кој е добар за варењето. Доколку се чува на ладно место ликерот може да се користи со години.

Поврзани статии

Back to top button