ЖивотУбави совети

Зошто е здраво да јадете грозје?

Свежото грозје може да има благотворно влијание исто како црното вино. Бројни истражувања докажале дека полифенолот присутен во виното има благотворно дејство врз здравјето на срцето.

Во новата студија, истражувачите од Универзитетот од Конектикат се обиделе да утврдат дали грозјето со своите компоненти, полифенолот, исто така има заштитно дејство врз срцето. Резултатите од истражувањето дале потврден одговор.

Полифенолот од грозјето, кој го има и во виното, ресвератролите, антоцијаните, катехините и кварцетините дејствуваат на два начина: ги собираат и ги деактивираат слободните радикали со што го редуцираат создавањето на малондиалдехид, нуспроизвод на оксидацијата.

Исто така де покажало дека консумирањето грозје го подобрува протокот на крвта и капацитетот на срцето, како и тоа дека го намалува опсегот на внатрешното ткиво по срцев удар.

Со години истражувачите тврделе дека умерено консумирање црно вино е добро за срцето. Последните истражувања покажале дека грозјето може да го даде истиот позитивен резултат.

Поврзани статии

Back to top button