Вкусна салата со ориз!

За денес подгответе вкусна салата која може да замени ручек, салата со ориз.

Потребни состојки:

2 краставици, 3 домати, пола марула, 400гр сварен ориз, 3 лажици масло, сол и црн пипер.

Измијте го зеленчукот, исечкајте го на коцки. Од марулата одвојте неколку листа за да ги поставите на чинијата за сервирање. Зачинете го оризот со сол, масло и црн пипер. Во средината на чинијата која ќе ја поставите со листови марула ставете го оризот, а околу него распоредете го останатиот зеленчук. Наздравје.

loading...