Колорес: Колаче за секое медицинско лице, благодарност од срце!

Хуманост и солидарност на дело. Децата од приватните градинки, „Светот на Колорес“ макотрпно работеа  на проектот „Благодарност – декорирај колаче за секое медицинско лице“.

-Овој проект одлучивме да биде пример за нашите дечиња каде што ќе покажеме благодарност кон медицинските лица за нивната целосна посветеност кон справувањето со оваа пандемија – вели директорот на установата.

Децата учат да бидат благодарни слушајќи и гледајќи како возрасните доживуваат благодарност. Да покажеме благодарност кон сите, да ја сплотиме нашата љубов за позитивно утро и зборот благодарам да биде дел од нашето секојдневие, велат од приватните градинки „Светот на Колорес“.

Слаткото задоволство направено од срце од дечињата од „Светот на Колорес“, утринава беше подарено на здравствените работници во Клиниката за детски болести во Скопје, за што огромна благодарност изрази д-р. Аспазија Софијанова.

loading...