ЖивотУбави совети

Рецепт за бели пралини со портокал!

Брз и едноставен рецепт за бели пралини со портокал.

Потребни состојки: 75мл слатка павлака, 150гр бело чоколадо, 20гр путер и 2 лажици џем од портокал.

Подготовка: Загрејте ја слатката павлака, додадете ја чоколадата искршена на коцки и мешајте се додека не се растопи. Тргнете го садот од оган и додадете го џемот и путерот. Промешајте убаво за да добиете хомогена смеса. Оставете ја смесата да се олади на собна температура, потоа ставете ја во фрижидер околу 30 минути.

Измиксирајте ја изладената смеса за да стане пенаста, потоа наполнете го готварскиот шприц за декорирање и ставете ѕвездест продолжеток. Смесата истиснувајте ја во мали хартиени корпички, па повторно вратете ги во фрижидер да се здрват.

Доколку немате готварски сшриц може да користите мали силиконски калапи.

На здравје!

Поврзани статии

Back to top button