ЖивотУбави совети

Супа која може да замени оброк!

За денес подгответе вкусна и здрава супа од компири со ароми.

Потребни состојки: 4,5дл пилешка супа, 4,5дл млеко, 750гр компири, 15гр путер, 3 лажици павлака, 2 главици кромид, магдонос, сол, црн пипер и 4 лажици исечкани ароматични тревки.

Подготовка: измијте ги компирите, излупете ги и исечете ги на парчиња. Загрејте го путерот на тивок оган во поголема тава. Додадете ги компирите и пржете ги на посилен оган 5 минути. Посебно загрејте ја супата со млекотоа потоа со неа прелијте ги компирите и зачинете ги со сол и со црн пипер. Продолжете да ги варите уште 15 минути, мешајки повремено со дрвена лажица. Испасирајте ги компирите со сосот од варењето за да добиете хомогена смеса. Оставете ја супата да се олади. Кромидот пропржете го и додадете го за да ја збогатите супата. Потоа додајте ја и павлаката, па посипете ја со ароматични тревки и гарнирајте ја со свеж магдонос.

Поврзани статии

Back to top button