Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Кристина Талеска Големтеова

Денешниот рецепт за убав ден со вас го споделува новинарката Кристина.

Во секојдневие какво го живеме и со информации какви што добиваме од почетокот на Корона кризата се чини најпотребното нешто ни е рецепт за убав ден. Од родителите растејќи добив многу животни лекции, а нешто што денес особено го практикувам е се чини најубавиот совет од мајка ми „Добра мисла и добар збор чуда прават сине“… Работниот ден ми започнува околу 5 часот наутро и знае да трае… Полн е со предизвици и голем стрес… Па единственото нешто што секогаш ми изнудува насмевка, мојот рецепт за убав ден е помислата на моето семејство и очите на син ми… Пандемијата ни донесе многу стравови и не подели по различни основи, но мислам дека успева да не потсети колку малку е потребно за радост… Децата се чини се најсовршениот пример за тоа како треба да пловиме низ животот и како да гледаме на нештата. И да, можеби во брзото секојдневие каде секој нов миг е борба тешко е да ја одржиме добрата мисла, но една насмевка за почеток на денот, љубезно добро утро на соседот или пријатен разговор со колегите на работа верувајте менува многу. Чувајќи и негувајќи ги луѓето и односите меѓусебе си обезбедуваме радост и мир на долг рок.

Поврзани статии

Back to top button