Како храната влијае на внатрешниот телесен часовник?

Иако повеќето стручњаци мислат дека внатрешниот часовник, кој влијае на виталните функции како температурата, крвниот притисок и будноста, најмногу зависи од светлоста, се повеќе докази укажуваат дека на него влијаат и квалитетот и распоредот на оброците. Истражувањата што ги спровеле американските научници од Универзитетот во Далас, покажале дека храната има големо влијание на внатрешниот телесен часовник или дневен биоритам.

Без разлика дали е поголемо влијанието на храната или на светлоста, има се повеќе докази дека луѓето што патуваат во други временски зони мораат да го усвојат распоредот на јадење од зоната во која патуваат за да ја надминат патната криза, велат истражувачите.

Претходните обиди покажале дека глувците, кои нормално спиеле преку ден, можат да ја променат таа навика ако се хранат само во текот на денот. Генетската анализа на глувците со променлива навика на спиење покажала дека гените што биле активни додека глувците спиеле преку ден сега не се активни, и обратно. Тоа значи дека во нивниот организам се случиле внатрешни промени, кои им овозможиле приспособување на новиот дневен распоред.

loading...