ЖивотУбави совети

Kои видови риби го намалуваат ризикот од астма?

Редовно консумирање риби богати со масло како скуши или лосос штити од појава на астма.

Во истражувањето на британските научници од Универзитетот Кембриџ учествувале 750 испитаници. Било утврдено дека испитаниците на кои им била гијагностицирана астма имале многу помалку симптоми ако редовно консумирале риба богата со масло. Лицата со астма што ваквата риба ретко ја консумирале многу почесто имале симптоми од оваа болест.

Претходните истражувања ги препорачувале рибите богати со масло на лицата што страдале од срцеви заболувања, артритис, псоријаза и деменција. Научниците сепак препорачуваат умереност во консумирањето на скушите и лососот поради можноста овие видови да содржат тешки метали како жива, но и диоксини кои во големи количества можат да бидат штетни.

Поврзани статии

Back to top button