Рецепт за убав ден на Искра Коровешовска

Денес во рубриката „Рецепт за убав ден“ се дружиме со новинарката и уредничката на ТВ Алфа – Искра Коровешовска.

Убав ден не може да почне без врзан сон претходната ноќ од 6 до 8 часа, но и без голема шоља македонско кафе, кое го пијам најчесто сама оти тоа е реткиот период од денот кога можам да уживам само со себе. Потоа си имам ритуали на свежо цедени сокови кои ме држат енергетски стабилна… па следи работниот дел од денот како главен уредник на ТВ Алфа, стрес и динамика ама и голема новинарска љубов, па тоа ми го прави денот помирен и поубав. Завршувам со вежбање, 40тина минути најчесто навечер, а пред и по тоа сум во друштво на најголемата љубов: ќерка ми Јана. Денот ми го прават поубав и луѓето кои ми се драги и си ги сакам… Накусо: сон, кафе, љубов и обврски што од срце ги завршувам = убав ден!

loading...