Рецепт за убав ден на Ристо Димитров – Чурино

Тој е ММА борец, џиу џицу и џудо инструктор. Денеска, го споделува неговиот рецепт за убав ден.

Рецептот за убав ден е едноставен и нема потреба од многу филозофии. Започни го денот со убава и добра мисла, повтори си дека животот е убав и има многу што да се види од него… Додај добар тренинг, средби со позитивни и ведри луѓе. Помагај им на послабите секогаш кога можеш. И не заборавај да се смееш!

Advertisements