Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Катерина Топалова

Рецептот за убав ден денеска го споделува Катерина Топалова, уредник и новинар во информативната редакција на МТВ.

За каква било убавина да почувствувате, мора да ви е убаво на душата. Тоа чувство на исполнетост, на добра мисла, на завршен ангажман, на дадена задача го прави мозаикот. На едно службено патување во Њујорк, по завршената работа седнавме на кафе со колегите. Над нас леташе хеликоптер. Пријателите кои живеат таму рекоа дека тоа е компанија која врши куси туристички разгледувања на градот одозгора. Почнавме да се пребројуваме можеме ли да си дозволиме такво задоволство за на сите да ни биде убаво и да имаме убав ден, кога двајца од групата на масата рекоа дека радо би седеле во мир да го пијат своето кафе додека уживаат во големиот град отколку да платат за таква авантура. За повеќето од нас неразбирливо, но во тоа лежеше целата филозофија на убавото. Она што мене ми е убаво, друг може ни до пола да не го исполнува. Затоа на почетокот од секој ден, во секој план се обидувам да вметнам по малку од сe` она што мене ми ја грее душата, за кога навечер ќе ги затворам очите да почувствувам дека сум имала убав ден. Семејното гледање „Преспав“ со пуканки пред спиење, долгите телефонски разговори со тато и мама по битката со Ковид, пешачење на сонце со кое не чести оваа доцна есен, утринското кафе со оризово млеко, чаша вино во темна соба се само дел од деталите кои го зачинуваат мојот ден и на кој му даваат предзнак УБАВ!

Поврзани статии

Back to top button