Рецепт за убав ден на Стефан Соколовски

Денешниот рецепт за убав ден со вас го споделува младиот и талентиран фотограф Стефан Соколовски.

Убав сончев ден, по можност будење без аларм. Секое утро и вечер пијам ладен чај од ѓумбир и лимон и со тоа ми започнува денот. Практикувам кардио тренинг околу 12 часот. По сето тоа ми почнува денот зависно од предвидените обврски. Доколку имам фотографирање тој ден секогаш уживам во работата со креативни луѓе а доколку не сум букиран тогаш поминувам 3-4 часа во обработка на фотографии на мојот лап топ. Покрај тоа мој идеално убав и успешен ден се состои од мои лични уметнички истражувања и добиена инспирација преку модни списанија, кафе средба со моите пријатели во опуштен локален кафич или убав ресторан и кратки телефонски разговори со моите пријатели. За крајот на денот преферирам интересна серија ( моментално сум навлечен на стариот познат серијал “Lost” ) и некоја психолошка или астролошка книга. Како и да е, за мене секој ден е убав и успешен доколку максимално својата позитивна енергија ја споделам со луѓето околу мене и доколку уживам во малите нешта (како на пример шолја добро квалитетно капучино). Ви посакувам и на вас убав и продуктивен ден! Вашиот badstef 📸

loading...