ЖивотУбави совети

Подгответе ладен ролат со омелт

Секогаш е право време за вкусни појадоци, за здрави закуски и за прекрасна трпеза. Вкусна идеја за енергетски оброк.

Потребни состојки: 6 јајца, 80гр шампињони, 80гр пршута, 80гр кашкавал, магдонос, сол, лук, црн пипер и маслиново масло.

Подготовка: На загреано масло пропржете ги печурките, исечкани на ленти, лукот, магдоносот, солта и црниот пипер. Изматете ги јајцата и додадете ги на печурките, па испржете омлет. Префрлете ги врз намастена хартија за печење. Прекријте го омлетот со тенко исечената пршута и со кашкавалот, па завиткајте ги во ролат со помош на хартијата. Оставете го фрижидер да се зацврсти па сервирајте го со салата од зеленчук.

Поврзани статии

Back to top button