ЖивотУбави совети

Десерт на денот – пудинг од портокали!

Од слатки десерти никогаш доста? За денес ви одвоивме еден супер интересен десерт кој со сигурност ќе ве освои. Подгответе пудинг од портокали, на брз и едноставен начин.

Потребни состојки: 4 пакувања овошен јогур, рендана кора од 1 портокал, 15гр желатин во листови, 1,5дл слатка павлака, исечкани лежници и чоколадо.

Подготовка: Измешајте ги овошните јогурти со кората од портокал, желатинот (кој предходно сте го ставиле во вода да омекне и сте го исцедиле) и павлаката. Потоа половина од добиената смеса ставете ја во 4 калапи. Лешниците и чоколадото ситно исечкајте ги и додајте ги врз кремот. Дополнете ги калапите со останатиот крем и ставете ги во фрижидер да се затегнат 4 часа. Сервирајте ги декорирани со лешници и чоколадо или со свеж портокал.

 

Поврзани статии

Back to top button