ЖивотУбави совети

Гардероба, фризура и накит за девојки со помал број сантиметри!

Ниските жени знаат колку е понекогаш проблематично да се најде облека во која нема да изгледа уште пониско. Како визуелно да ја издолжите фигурата и да добиете неколку сантиметри повеќе? Стилистите откриваат трикови со кои успешно се решава проблемот на ниските девојки.

Еднобојна гардероба. Постои причина зошто обично гледаме пониски девојки во еднобојни комбинации. Тоа навистина го издолжува телото и создава илузија на висина. Сепак, ова не значи дека треба да заборавите на различните бои и дезени, но потребно е да бидете претпазливи кога ги комбинирате.

Чевли и сандали во боја на кожа ќе направат вашите нозе да изгледаат подолги, а особено се добри зашилените модели. Ако вашиот адут е тесен глужд, изберете чевли со високи потпетици и украсни камења што ќе привлечат внимание.

Кога станува збор за фризури, не двоумете се да го откриете вратот. Подигнете ја косата високо така што вратот ќе дојде до израз или скратете ја.

Ако сте ниски, заборавете на јакните со големи димензии и наместо нив изберете пократки модели. Жените со тесен струк треба да комбинираат кратки топ блузи и јакни со високи потпетици и широки панталони.

Миди здолништата се одличен избор за жени со понизок раст, а идеални се оние што достигнуваат само неколку сантиметри под коленото. Тие ќе ги истакнат вашите атрибути и ќе го одвлечат вниманието од висината. Ако сè уште не сакате да се откажете од долгите фустани, изберете ги оние што имаат длабок шлиц на страна.

Широките панталони со висок струк одговара на сите жени, но особено добро се вклопуваат кај пониските дами. Избегнувајте плиток струк бидејќи вашите нозе ќе изгледаат пократки со нив.

https://www.instagram.com/p/CG0e-B_Aov0/?utm_source=ig_embed

Маици со везови на јаката или впечатлив апликација во горниот дел ќе привлечат внимание кон вашата глава, па никој нема да ја забележи вашата висина. Што се однесува до дезените, изберете ги оние со вертикални ленти затоа што во спротивно ќе предизвикате контра-ефект (со хоризонтални ленти ќе изгледате пониско и пошироко).

Колку е поширок ременот – толку пониско изгледате, според стилистите. Затоа, ремените треба да се избегнуваат секогаш кога е можно.

Од придружните додатоци, најдобро ќе ви одговараат потенки ѓердани чокер модел, кои треба да бидат на висина на клучната коска.

https://www.instagram.com/p/CE5O8tJlDsb/?utm_source=ig_embed

Поврзани статии

Back to top button