Од насУбави муабети

Морето – мирно, мојата душа немирна

Како што се ближат летните одмори така нешто силно срцево ми го прободува. Мислите се повеќе ми се. Камо среќа да можев да го преспијам летово што доаѓа. Или да можев со среќно лице да го дочекам. На раат да уживам во него. Омилено годишно време ми беше порано. Обожавав да пливам. Ги сакав седенките до утринските часови и пречекот на изгрејсонцето.

Минатогодишниот одмор кој го поминав со тебе беше за мене пеколен. Од тогаш наваму јас имам фобија од лето. Јас се плашам со некој на викенд да заминам, а камо ли на одмор подолг… Ти, човекот кој мислев дека е оној за мене вистиснкиот направи да мразам летни омори. Да се плашам од мирисот на морето, оти на тебе ме навраќа. Два одмори поминав со тебе, но овој вториов беше за нас пресуден. Кога си во друштво вешто умееш да се прикриеш и да бидеш навидум супер дечко. Но, на само, ти кога ќе се изнервираш се претвораш во монструм.

Преку целата година изгледа се контролираш, затегаш, за на крај да осетиш слобода далеку од дома и да го извадиш гордо ѕверот од себе. Направи од мене страшливец. Направи рана, изгореница, која многу ме пече. Која не знам како сама да си ја излечам. А не сум од оној тип на девојки кои бараат утеха во други мажи и не дозволувам друг да ми ја лекува раната. Таа е од тебе. Што е должен некој друг да се занимава со неа. Да ги трпи моите фрустрации кои ги имам благодарение на тебе.

Ќе чекам есен. Ќе се правам дека ништо не ми е. Ќе чекам дождови, ќе плачам и тоа никој нема да го забележи, ќе мислат дека се капките дожд. Ќе чекам годишно време, месец, ден, минута кои нема да потсеќаат на тебе, на бесот кој го носеше во себе, на лузните што ми ги остави…

Поврзани статии

Back to top button