ЖивотУбави совети

Дали содата има несакани ефекти?

Пиењето сода бикарбона за повремено смирување на желудочната киселина совршено добро помага, но редовно земање не се препорачува.

Успешно ја намалува киселоста на желудникот и урината, па затоа е добар лек за ублажување на симптомите на надуеност, киселина и други стомачни проблеми, како и низа проблеми со бубрезите.

Дали има несакани ефекти?

Да. Иако генерално многу добро се поднесува несакани ефекти од прекумерно или пречесто внесување на сода бикарбона вклучуваат метаболна алкалоза, оток поради прекумерно внесување на натриум, главоболка, гадење, висок крвен притисок како резултат на внес на натриум, па дури и срцева слабост. Кај луѓето кои редовно земаат додатоци на калциум, употребата на сода бикарбона може да резултира со појава на камења во бубрезите.

Поврзани статии

Back to top button