Топ пет намирници за подобрување на помнењето!

Предлагаме храна што може значително да ја подобри вашата меморија и да служи како стимулатор на енергија. Некои намирници едноставно треба да станат дел од сечие секојдневие. Каква храна јадеме, таков живот живееме.

Топ пет намирници за поголема меморија:

Млеко од соја – Ја подобрува способноста за учење и запомнување (само кај жени), најверојатно како резултат на фитоестрогените.

Суво грозје – Содржи елемент кој ја подобрува меморијата и ја зголемува можноста за брзо реагирање.

Спанаќ – Содржи голема количина лутеин и други антиоксиданти кои ги штитат мозочните клетки.

Боровинки – Го стимулираат формирањето на мозочни клетки во хипокампусот – областа на мозокот што е одговорна за складирање на податоци.

Сок од грозје – Ја подобрува меморијата и способноста да се решат проблемите со зголемување на нивото на допамин во мозокот. Содржи голема количина на антиоксиданти.

loading...