ЖивотУбави совети

Кој повеќе лаже – мажите или жените?

Мажите лажат двојно повеќе од жените, покажуваат последните истражувања на оваа тема. Всушност, мажите изговараат 42 лаги неделно!

Мажите обично лажат кога партнерките ги прашуваат нешто за нивниот изглед. Така, тие ќе добијат лажен одговор на прашањето: „Дали сум дебела?“. Жените, пак, лажат кога мажите ги прашуваат колку пари потрошиле на шопинг.

Освен на партнерките, мажите лаги кажуваат и на колеги и пријатели и најчесто на своите газди на работа, покажало истражувањето спроведено на 2.000 Британци.

Мажите изговараат лаги шест пати на ден, а жените „само“ три пати.

Една од најбезопасните лаги кои ги изговараат и мажите и жените: „Не ми е ништо, добро сум“.

Поврзани статии

Back to top button