ЖивотУбави совети

Дали палите цигара пред да појадувате?

Пушачите кои палат цигара веднаш по будењето, без да појадуваат, имаат поголемо ниво на никотин во организмот, па затоа се повеќе изложени на ризик од развој на рак на белите дробови.

Тим научници од колеџот Пен Стејт во Америка, кој го спровеле ова истражување, заклучиле дека на „страствените пушачи“ им треба повеќе помош за да се откажат од тутунот.

За време на истражувањето, нивото на котинин, нус-производ на никотин, било измерено кај пушачите, што е добар показател за ризикот од рак на белите дробови. Нивото на оваа опасна хемикалија е значително пониско кај пушачите кои појадуваат пред да ја запалат својата прва утринска цигара.

Научниците веруваат дека разликите во количините на котинин укажуваат на поинтензивен начин на пушење, а со тоа и поголема зависност од тутунот кај луѓето кои имаат навика да посегнат по цигари веднаш штом станат.

Поврзани статии

Back to top button