Убави книги и филмови

Колку повеќе читате толку полесен живот ќе живеете

Секогаш имајте време за себе и за добра, интересна и поучна книга.

Некој што вреди да умре (Питер Свансон) Психолошка, напната приказна за една случајна средба што води до убиство и тоа низ низа неочекувани пресврти. На еден вечерен лет од Лондон до Бостон, Тед Северсон ја запознава мистериозната и привлечна Лили Кинтнер. По неколку пијалаци, можеби малку повеќе отколку што треба, двајцата практично непознати почнуваат да играат игра на кажување вистини, откривајќи интимни детали за себе. Тед зборува за неговиот брак и неговата сопруга Миранда, бидејќи е сигурен дека таа го изневерува. Но нивната игра наскоро станува мрачна кога Тед на шега нафрла дека би можел да ја убие Миранда за тоа што му го направила. Лили пак, без размислување му вели, „Би сакала да ти помогнам“.

Избриши ги солзите (Линда Хауард) Водена од опсесијата да ги пополнува празнините во туѓите животи, Мила Еџ има неверојатна страст, инстинкт и дарба за пронаоѓање исчезнати деца. Кога сè друго изгледа изгубено и беспомошно, очајни души од сите страни на светот доаѓаат кај неа за надеж и помош. Со работата, Мила се бори да побегне од бруталните емоции кои ја јадат однатре затоа што има само едно дете кое не може да го пронајде со години… а тоа е нејзиното дете. Кога добива дојава за синџир за трговија со бебиња во мало село во Мексико, Мила тргнува да истражува без двоумење. Клучен човек во организацијата е маж со едно око, кој Мила патем добро го помни од минатото. Очајна да го најде, Мила се здружува со Џејмс Дијаз; сомнителен странец кој делува подеднакво опасно како и луѓето кои ги бараат. Иако истрагата станува сè пожестока, Мила нема намера да се откаже. Иако сите ѝ велат да престане да го бара своето дете зашто веќе се изминати десет години, таа не слуша никого. Мила е жена борец, волчица подготвена на сè за да го најде своето дете. Па макар и соочена со опасен маж, платен убиец, кој би можел да ја замолчи засекогаш.

Животот е лесен, не грижи се Во продолжението на бестселерот Среќните луѓе читаат и пијат кафе Дијан се соочува со нови предизвици за кои се чини дека не е подготвена. Вратена од Ирска, решена да стави точка на својот бурен однос со мрачниот ирски фотограф Едвард, таа почнува да си го гради животот во Париз посветената работа во својата кафе-книжарница и на новата љубовна врска. Сè додека повторно не го сретне Едвард…

Поврзани статии

Back to top button