Убави книги и филмови

Книги кои ќе го променат вашиот свет!

За денес одбравме предлог три книги кои ќе ги читате со огромна посветеност се до последната страница.

Без излез (Тејлор Адамс) Додека брза да се врати дома на празниците, Дарби Торн поради снежната бура е принудена да скршне од патот и да запре на едно одморалиште среде планините во Колорадо. Додека ја поминува ноќта со четворица сосема непознати луѓе, сосема случајно здогледува едно девојче заклучено во еден од паркираните автомобили.
Одеднаш свесна дека се наоѓа во голема опасност, Дарби се прашува:
Кое е тоа девојче?
Зошто е киднапирано?
Како да му помогне на беспомошното девојче кога нема сигнал на мобилниот телефон и кога не може да го продолжи патот поради снегот?
Кој од преостанатите патници го киднапирал ова дете?
И, што е најважно, кому, воопшто, може да му верува?
Напнатоста расте со секоја нова страница во највозбудливиот трилер што ќе го прочитате оваа година.

Азнадар (Мубера Мисини) Самоспознавањето е сила која преобразува, се што бараме, се што сакаме, се што мислиме дека го има некаде надвор, се се наоѓа вон ас. Се што говориме или упатуваме некому се однесува само на нас. Аворката со една интересна порака до сите: Ти никогаш не можеш да излачиш толку отрови колку што јас можам од нив да направам лекови.

Без своја земја (Ајше Кулин) МОЌНА ИСТОРИСКА САГА ЗА ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ЖИВОТОТ ВО ПРОГОНСТВО И ЗА ТЕШКИТЕ ИЗБОРИ НА ОНИЕ ШТО СЕ ПРИНУДЕНИ ДА ЈА ПРИФАТАТ НЕИЗВЕСНАТА ИДНИНА, СО КУФЕРИ ПОЛНИ НАДЕЖ. Откако Хитлер доаѓа на власт, професорот Герхард Шлиман, неговата сопруга Елза и нивните две деца, Сузи и Петер, ја напуштаат Германија за да побегнат од прогонот на нацистите.
Прво заминуваат во Цирих, а потоа во Турција, кога Герхард добива понуда од Универзитетот во Истанбул. И додека Сузи и Герхард се обземени од турската култура и се обидуваат да се вклопат, Елза и Петер и понатаму цврсто се држат до своето германско потекло.
Во муслиманскиот град, новите обичаи имаат силно влијание на нивните животи – дотаму што го менуваат нивниот поим за татковина и припадност. Од Втората светска војна до времето на друштвените мрежи, генерации од едно семејство ќе го бараат својот пат низ љубов и неволји, жртва и спасување, победа и пораз: со тешко стекнато знаење и страст во секое отчукување на срцето.

Поврзани статии

Back to top button