ЖивотУбави совети

Пијалок за детоксикација за ладни зимски денови

Дали тешко ги поднесувате ладните зимски денови?

Дали ви е потешко да станете од кревет и се чувствувате како да ја немате силата што ја имавте во изобилство во текот на летото? Ако одговорот е ДА, тоа значи дека ви треба мала доза природна стимулација или пијалок за детоксикација што ќе ги олесни и разубави студените зимски денови.

Зошто пијалок за детоксикација, ќе се запрашате. Како прво, затоа што кога ќе го исчистите телото од насобраните токсини, ќе ви биде многу полесно да функционирате и да се борите против потенцијалните вируси и бактерии.

Едноставниот рецепт за пијалок за детоксикација што ви го подготвивме денес, ќе ви одземе само неколку минути за да го подготвите и ќе ве задоволи како освежителна овошна чаша со сладолед во лето.

Потребни состојки: 2дл вода, 2 лажици јаболков оцет, 2 лажици сок од лимон, 1/2 лажичка мелен ѓумбир, 1/2 лажичка цимет, малку бибер и 1 лажичка мед.

Загрејте ја водата на средна температура. Истурете ги сите состојки во малку поголема чаша и прелијте ги со водата. Добро промешајте и пијте на посакуваната температура. Нутриционистите препорачуваат да го пиете овој пијалок 3 пати на ден, околу 20 минути пред секој оброк.

Предности на овој пијалок: Овој пијалок содржи некои од најдобрите состојки за детоксикација. Јаболков оцет ја подобрува работата на метаболизмот како целина, чистејќи го црниот дроб и лимфниот систем. Сокот од лимон има алкално дејство врз вашето тело и помага во регулирање на нивото на pH. Витаминот Ц, кој се наоѓа во лимоните, е важен за здравјето и сјајот на кожата, како и за зајакнување на имунитетот. Циметот, биберот и ѓумбирот содржат терапевтски соединенија, кои помагаат да се намали воспалението, подобри варењето и да се забрза метаболизмот. Корисни се и за губење на вишокот килограми. Медот е познат по своите здравствени придобивки, а освен што е сладок, на вашето тело му обезбедува и есенцијални антиоксиданти.

Поврзани статии

Back to top button