Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Деспина Царева

Таа е модел, беше Мис Бикини на Балканот во 2013 година. Имавте можност да ја гледате на малите екрани а нејзиниот Инстаграм профил мотивира и привлекува големо внимание. Денеска со вас во рубриката “Рецепт за убав ден” се дружи Деспина Царевa.

Убавината доаѓа и одвнатре и од надвор. Убавината постои, таа е насекаде, таа е во малите нешта, таа е неразделна од среќата. Тие се две сили што заемно си дејстувуваат: Биди убава, за да бидеш среќна и биди среќна за да бидеш убава. Убавнината мора да ја спознаеш за да ја пронајдеш. Мојот начин за спознавањето на овој благослов се моите ритуали. Најпрво, главниот соучесник во мојата среќа е моето огледало. Да, мора да се гледате себеси бидејќи вие сте единственото нешто на кое треба да се угледате, да се восхитувате, единственото нешто на кое мора да работите! Не заборавјте, сè започнува од вас!!! Додека го повишувам звукот на музиката, го следам нејзиниот ритам, играм, се радувам. Се соочувам со мојот лик на огледалото, се смеам, си признавам СРЕЌНА СУМ! Си велам: жива сум, здрава сум, убава сум. Доволна сум си сама на себе! За убав ден! За убав живот! Радувајќи се на мојата убавина започнувам моите ритуали. Јогата е убавината и среќата на моите утра бидејќи таа не нè учи само како да стоиме на нашата глава туку како да застанеме на своите две нозе. Започнете, енергијата е извонредна! Потоа уживам во тишината на моето утринско кафе и свежа и среќна го започнувам извршувањето на моите обврски. Од обврски морам да издвојам дека НЕОПХОДНО е да поминам време со најблиските, со саканите, тие се непресушлив извор на среќа! За мене голема среќа е да направам некого среќен, без разлика дали тоа е некој од моите блиски или некој кого воопшто не го познавам. Помислата дека некому сум помогнала, дека сум ја подигнала женската свест за самодоверба, дека со моите совети сум запалила светлина некаде каде што долго било мрак ме прави неопишливо среќна. Среќна сум кога споделувам бидејќи не бадијала рекле: „Среќата е единственото нешто што се множи кога се дели.“ Среќно исполнетиот ден го завршувам со релаксирање со книга или добар филм. Кога ќе заспивате со убави мисли – ќе се будите со уште поубави. Заспивам среќна и благодарна што оставам зад себе еден прекрасен ден, па така рецептот за мојот убав и среќен ден се „крчка“ во текот на ноќта. Сончевите зраци го милуваат мојот лик а јас се будам позитивна, среќна и насмеана!

Поврзани статии

Back to top button