Од васУбави муабети

Уште како мала бев имуна на глупости…

Е среќо, важно е да си секогаш различна. Јас знам дека сум. И никогаш нема да кажам дека сум посебна. Посебен е само начинот на кој сите се копираат едни со други. Јас сум различна, поинаква, несекојдневна. Уште како мала бев имуна на глупости од типот- Сите го имаат ова, сакам и јас! Не сакав да имам нешто што го имаат сите, тогаш тоа би било сечие, а не само мое. А јас…јас сакам да имам нешто што никој нема. Да сум единствена. И денес сум таква среќо. Ќе облечам нешто што повеќе не е во мода, а и баш ми е гајле за модата. Јас уживам кога ќе се разминам со сите исти во нешто мое. И знаеш дека не ми е гајле што ќе кажат другите…освен ако имаат нешто паметно да кажат. А жал ми е среќо, се помалку ги наоѓам такви, оние кои највнимателно ќе ги слушам. Мене ми е привилегија во животот да бидам своја, и ако треба да бирам да личам на некој, јас секогаш ќе изберам да личам на себе. И повеќето ќе ме наречат чудна а јас ќе се чудам на повеќето како упорно се трудат да бидат нешто што не се, нешто туѓо. Секогаш ќе се чудам колку се борат некој да ги примети во едно купче на исти, како да се клонирани… а не родени. И сите имаме можност да бидеме природни, да сме оригинални, а повеќето одбираат да се нечија копија. Од вештачка насмевка, до вештачки солзи. И знаеш среќо… Сите тие се посебни, така ќе каже секој од нив за себе. Затоа немој да си посебна. Биди своја, единствена… Тоа е сосема доволно за да си од чопорот исти, секогаш различна.

Маја Спасовска

Испратете и Вие ваш текст на info@ubavo.mk

Поврзани статии

Back to top button