Коренот на секое зло, е нашето молчење…

Едукацијата не треба да е селективна. Не само ќерката. И не само синот. Едукацијата треба да важи за сите деца подеднакво, како би израснале во доблесни луѓе.
Ниедна форма на насилство и злоупотреба, општествено не треба да биде премолчена.
Затоа сме труло општество. Затоа што жртвата секогаш е омаловажувана, газена, плукана.
На страна институциите. Во 21ви век, семејството е тоа од кое започнува менталниот, душевниот и емотивниот развој на децата.
Учете ги своите деца да ви веруваат.
Учете ги своите деца да ви се доверат.
Учете ги своите деца да се борат.
Учете ги своите деца да се доблесни и чесни луѓе.
Учете ги своите деца дека и туѓиот живот е вреден како својот.
Учете ги дека солзите имаат иста тежина, кога некој ќе почувствува болка.
Учете ги да не молчат пред неправда.
Само…не ги осудувајте.
Никогаш немојте да ги осудувате. Затоа што тоа ќе го направат сите други околу нив, а тие нема да ја побараат вашата заштита.
Ќе се затворат.
Ќе се повлечат.
Ќе станат ладни кон светот и себе.
Ќе се повредат.
Не ја осудувајте жртвата!
НИКОГАШ, НЕ ЈА ОСУДУВАЈТЕ ЖРТВАТА!
Зошто молчеле?
Зошто провоцирале?
Зошто не споделиле веднаш?
Никој не ја знае длабочината на траумата предизвикана кај некого. Секој се соочува со својата траума, кога е спремен за тоа.
После ден. После пет дена… После десет години…
Секој има право да се соочи со својата лична траума кога е спремен.
Се соблекувале и се сликале, па се суди дека провоцирале сами…
Секој има право да направи што сака, додека тоа не повредува туѓ начин на живот.
Ако сакам, ќе шетам гола.
И не… Тоа не е повик некој да ме силува.
Не, значи НЕ!
Не осудувајте жртви. Поддржете ги.
Помогнете им.
Со самото тоа што ги осудувате жртвите, станувате соучесници кои граадат општество, во кое се молчи.
Утре и вашите деца можат да се мета на предатори.
Тогаш, вашето молчење ќе се врати како бумеранг и ќе ве удри кај што боли најмногу.
Воспитувајте ги децата да се доблесни луѓе со почит кон другите луѓе. Со емпатија. Со свесност дека сите човечки битија, имаат право на избор и среќа.
Воспитувајте ги. Бидете им пример за добрина и љубов.
Не е до општеството.
Општеството не го обликува човек.
Човек треба да го обликува општеството, средината.
Коренот на секое зло, е нашето молчење.

Маја Спасовска

Испратете и Вие ваш текст на info@ubavo.mk

loading...