Од васУбави муабети

Женски копнеж кој пулсира во градите…

Џез жена​

Со разнишана нота​
телото и зборува за љубов,​
како летно време што се буди​
со мешавина од мириси на утро,
се протега триејќи ги дланките​
создава музика од јужниот ветер​
каде косата и е како жица од гитара,​
а градите нежно се нишаат во ритам​
на тапан, и возбудедените колкови.​
Со белиот стомак игра,​
го собира звукот од раскошен саксафон,​
го впива како машко љубење на усните,
и женски копнеж кој пулсира во градите,​
допири кои се лизгаат по мократа кожа,
нежно и страсно како клавиши на пијано,​
создава незаборавна музика што и тече,
низ вените, во шепот на ноќната перница
каде одново шепоти за саканиот допир.​

Даница Петровска

Испратете и Вие ваш текст на info@ubavo.mk

Поврзани статии

Back to top button