Сладок овошен десерт со гриз!

За денес подгответе сладок овошен куп со гриз и црвено овошје. Уживајте во секое залаче.

Потребни состојки: 500мл млеко, 3 лажици шеќер, 40гр гриз, 250гр шумско овошје, 25гр корнфлекс и 30гр бело чоколадо.

Подготовка: Млекото сварете го заедно со шеќерот. Додајте го гризот, па варете го на тивок оган 10 минути, постојано мешајќи. Одмрзнете го шумското овошје, оставете го да се исцеди и исуши. Испасирајте го овошјето да добиете пире од него. Во 4 високи чаши ставете ред оладен гриз, ред пире од овошје, па ред корнфлекс. Крупно изрендајте го чоколадото па додадете го одозгора за декорација.

loading...