ЖивотУбави муабети

Лазаревиќ: Кои се придобивките од масло од Макадамија за вашата коса?

Третман за коса со масло од Макадамија во Фризерско студио Лазаревиќ!

Маслото од орев Макадамија има најголеми концентрации на масни киселини. Таа висока содржина на масни киселини е клучот за здрава и убава коса. Тие масни киселини го негуваат фоликулот на косата и и додаваат сила и сјај. Овој третман кој го прават во фризерско студио Лазаревиќ спречува загуба и оштетување на косата. Маслото од макадамија е најдобро за смирување на фризурата на косата. Исто така овој третман го штити фоликулот одвнатре.

Откако маслото ќе навлезе во косата ја храни со многу витамини и хранливи материи. Масните киселини помагаат во заштитата и зајакнувањето на фоликулот, така што влакното е помалку склоно кон кршење. Хранливите материи помагаат вашата коса да се опорави од оштетување кое настанало од топлина. И има антиинфламаторни својства кои можат да помогнат ако имате проблеми со скалпот како првут или сув скалп.

Професионалниот тим од фризерско студио Лазаревиќ советува: Користењето на ова масло додава ниво на заштита на вашата коса. Како и вашата кожа, така и вашата коса е изложена на сонце и надворешни загадувачи.
Ова масло е познато по своите омекнувачки квалитети. Користењето на ова масло од орев на вашата коса, како дел од вашата редовна рутина, загарантирано ќе ја оживее вашата коса. Можете да испрскате мала количина и да ја измазните косата за да ги скроти залутаните влакна и да спречите разлетување.
Најголемо позитивно влијание на маслото од макадамија ќе почувствуваат оние кои имаат виткана коса. Дури и ако имате мали, тесни кадрици, можете да имате голема корист од ова масло.
Кадравата коса има тенденција да се скрши полесно од правата коса. Тоа е затоа што тесните кадрици ги спречуваат краевите да ја добијат влагата што им е потребна. Потоа тие стануваат суви и слаби… Па одлично решение е да го посетите фризерското студио Лазаревиќ , да си напртавите третман за оштетена коса и да си набавите професионално масло од Макадамија за да се збогувате со сувата и оштетена коса која постојано се кине. Закажете си термин на 079 206 306.

Поврзани статии

Back to top button