Од васУбави муабети

Знаеш среќо, не ме допирале со зборови, не ме ни соблекувале со насмевки…

Знаеш среќо, никогаш не ме соблекле со зборови,
никогаш не ме допреле толку длабоко за да посакам да ја отворам душата, да речам само- Влези, те чекав!
А таму длабоко креветот растурен, мириса на цимет и печени јаболки…
Таму свири некоја музика што ти се лизга од р’бетот надоле па ти ги допира сите сетила, да не знаеш во кои светови си…
И сенките си играат и создаваат хармонија…
Каде си?
Зошто те немаше до сега?
Не знаев какво е отсуството на допир, мирис, дури и поглед кој продира во се што не може да се види…
Па стана најживиот дел од мојата фантазија…Она за кое ги отворив градите, да влезеш, да ме соблечеш, да водиме љубов на илјада начини
И да си ја гризам устата, да се превртувам, да те вдишувам
Па гребеш,
гребеш сакајќи да ми ја извадиш нечистотијата од кожава,
онаа што ја оставаа кога ме убиваа па заминуваа…
Ми ја гребеш душата,
како да ти е познато чувството, потребата…
Знаеш среќо, не ме допирале со зборови,
не ме ни соблекувале со насмевки…
а ти…ете, тука си…-Влези, те чекав! Влези и само остани!

Маја Спасовска

Испратете и Вие ваш текст на info@ubavo.mk

Поврзани статии

Back to top button