Од васУбави муабети

Водопадите во Валандовско ќе ве остават без здив…

Ѓаволски водопади се водопади сместени на западното подножје на јужните падини на планината Беласица, по текот на реката Калдрма Дере, во Валандовско на надморска висина од 580 м во околината на селата Бајрамбос и Кочули, поради што тој е познат и под името Кочулиски Водопад. За разлика од останатите познати водопади кои се наоѓаат на северната страна на планинскиот масив на Беласица, овој водопад се наоѓа на западната страна на Беласица. Од градот Валандово е оддалечен 16,5 км. и се наоѓа на надморска височина од 580 метри. Ѓаволскиот водопад како и останатите има тектонско потекло, а е изграден на Калдрма Дере (Калдрма Река) или попознато како една од притоките кои ја формираат Башибоска Река. Вкупниот вертикален отсек на водопадот изнесува 19 метри, додека на самата карпа е запишана бројката од 16,8 метри. Самиот водопад има изградено џиновски лонец со димензии 2,7м ширина и 6,5 м должина, додека вкупната длабочина измерена при теренските истражувања изнесува 2,5 метри. Во текот на летниот период протокот на Калдрма Дере е минимален додека во текот на пролеттниот период протокот се зголемува за неколкупати. Поради големиот проток којшто го има реката во текот на овој период како и поради силната бучава која што се создава при падот на водата, така го добил и името Ѓаволски Водопад. 
Од неодамна непосредната околина на Ѓаволскиот водопад е уредена со пристапна патека, скали, ограда, клупи и неколку летниковци за помасовни туристички посети, а во тек на изградба е и широк автомобилски пат. 

https://www.facebook.com/groups/patuvanjanizmakedonija

Нина Дуковска

Испратете и Вие ваш текст на info@ubavo.mk

Поврзани статии

Back to top button