Од васУбави муабети

Љубовта е највредна…единствена…посебна…

Кога ќе засакаш некој, онака како да ти е прв и последен пат да сакаш.

Кога ќе ги засакаш сите доблести и маани.

Кога ќе засакаш толку силно, толку лудо, толку посебно што се друго престанува да постои, сите изчезнуваат и времето застанува.

Кога ќе засакаш така да ти стане твое Се, на начинот на кој и треба да сакаш, исконски.

Да е твоја прва утринска мисла, отчукување на срце, онака како да е единствено сонце во сите светови…

Баш така за да си сила кога ќе осети слабост.

Храброст кога ќе осети страв.

Да си цел свет.

Да си насмевка, причина за среќа, вдишување, здив.

Кога ќе засакаш толку силно, толку искрено од дното на душата, толку за да посакаш ништо друго да не постои.

Кога ќе засакаш толку јако, ќе ти стане јасно што е Љубов и зошто е се толку убаво и возвишено.

Кога ќе љубиш, ќе сфатиш дека многу работи во животот се минливи,само тоа што го носиш во срцето е вредно и единствено важно…

Тогаш кога ќе љубиш како да е прв и последен пат,ќе сфатиш- Љубовта е највредна…единствена…посебна…

Маја Спасовска

Испратете и Вие ваш текст на info@ubavo.mk

Поврзани статии

Back to top button