Книги за убав почеток на викендот!

Секогаш имајте време за себе и за добра, поучна и интересна книга. Колку повеќе читате толку полесен живот ќе живеете.

Концерт (Хана Хилдинг) Кога Катриона Друо, млада музикотерапевтка, ѝ ја исполнува последната желба на една оперска дива на умирање, да му помогне на нејзиниот син Умберто Монтеверди да си го поврати талентот за музика, знае дека се нафатила на тешка задача. Пред десет години поминала страсна ноќ со тогаш славниот композитор, ноќ што ѝ оставила неочекувани последици.
Ѝ станува јасно на колкав предизвик се нафатила кога стасува на имотот на својот клиент, на блескавиот брег од езерото Комо во Италија. Со видот одземен од речиси фатална автомобилска несреќа, тој маж е арогантен, огорчен, и се спротивставува на секој нејзин напор да му помогне. Сепак, Катрина, со песна како сирена, повикува нешто во него што тој никако не може да го игнорира.
Заробена во бурните интриги што се одвиваат во огромната куќа на Умберто во неокласичен стил, Катриона открива дека слепиот музичар ја привлекува исто толку силно колку порано. Како да му каже за тоа што изминативе десет години го криела од него? Набргу сфаќа дека нејзината тајна не е единствената што неспокојно се бранува под површината. Композиторот без вид го прогонуваат мрачни сили, кои, сега по вторпат, му се закануваат на животот.
„Концерт“ е сензуална и романтична приказна за изгубената љубов и за простувањето, за судбината и за тешките одлуки и за една хероина решена, конечно, да ги исправи сите нешта.

Во водата (Пола Хокинс) Во реката што тече во мало гратче, испливува мртвото тело на една самохрана мајка. Претходно истото лето, таква судбина доживеала и една ранлива тинејџерка. Тие не се првите жени чиј живот завршил во овие мрачни води, но нивната смрт ќе ја разбранува реката и нејзината историја, вадејќи ги на површина одамна закопаните тајни.
Петнаесетгодишна осамена тинејџерка останува сама. Без родители и без пријатели, сега е препуштена во рацете на сестрата на нејзината мајка, исплашена непозната жена која мора да се врати на местото од коешто побегнала, место на коешто ветила дека никогаш повеќе нема да се врати.
Со истиот поттикнувачки стил на пишување и проникливо разбирање на човековите инстинкти што плени милиони читатели во целиот свет, со нејзиниот експлозивен дебитантски трилер “Девојката од возот”, Пола Хокинс овој пат ни носи напнато четиво полно со заплети, кое ќе ги задоволи вашите очекувања, четиво што се потпира на измамата на чувствата и сеќавањата, како и на разорните начини на коишто минатото може да ја испружи својата долга рака во сегашноста.
Чувајте се од мирна површина – никогаш не знаете што се крие под неа.

Изгубената девојка (Катрин Крофт) Пред осумнаесет години шестмесечната ќерка на Симона Портер, Хелена, е киднапирана.
Симона и нејзиниот сопруг, Мет, едвај успеваат повторно да ги состават парчињата од својот живот, но болката од загубата на нивното дете никогаш не ги напушта. Тогаш се појавува една млада девојка по име Грејс и ѝ кажува на Симона дека има информации за нејзината исчезната ќерка.
Но, која е Грејс? И дали Симона може да ѝ верува?
Но, кога и Грејс исчезнува, Симона се вплеткува во очајна потрага по својата ќерка и по девојката што може да има клучни информации за случајот. Таа е само на чекор од вистината, но тој чекор се наоѓа на опасна и болна територија.
Симона ја загуби својата ќерка. Но дали ќе го загуби и животот обидувајќи се да ја најде?

loading...