Модно парче кое е задолжително да го имате оваа пролет!

Станува збор за ултра модерно парче гардероба кое е задолжително да го имате во својот плакар оваа пролет – кошула со лелеави ракави.

Сведоци сме дека целава зима се носеа кошули со широки ракави. Оваа пролет повторнo ќе уживаме во нив, само што оваа сезона доаѓаат во пастелни, отворени и пролетни нијанси со слатки дезени. Дали ќе се одлучите да ги комбинирате со сукња, панталони или фармерки нема да погрешите. Гарантираат ултра секси и женствен изглед. Може да ги носите на дневни сончеви прошетки и да мамите погледи и насмевки.

Не мора да правите долги обиколки по продавниците за облека во ова време – невреме. Заследете го бутикот Бобо Фешн на нивниот Инстаграм профил или лајкнете ја нивната Фејсбук фан страна и направете брза и безбедна онлајн нарачка.

Ќе забележите дека тимот на Бобо Фешн следи модни трендови и секогаш нуди ултра уникатни и модни парчиња гардероба со врвен квалитет, за жени и за мажи со стил. Бутикот се наоѓа во Неготино, позади домот на културата, но врши достава низ целата територија на нашата држава.

Не заборавајте, дотерана жена е среќна жена.

loading...