ЖивотУбави совети

Брз и лесен рецепт за пита со полнети домати!

Потребни состојки: 300гр брашно, 4 јајаца, 7-8 мали домати, 150гр путер, 1дл павлака, 2 кришки леб, 60гр зелени маслинки, 100гр рендано овчо сирење, 50гр рендан кашкавал, 1 чешне лук, гранче магдонос, сол и црн пипер.

Подготовка: Измешајте го брашното со омекнатиот путер, едно јајца и малку сол. Доколку е потребно, додајте малку ладна вода за да добиете меко тесто. Оставете го да отстои во фрижидер, завиткано во фолија, половина час. Доматите исечете ги на половина, издлабете ги, посолете ги и оставете ги во цедилка за да ја изгубат течноста. Ситно исечкајте ги маслинките, лукот, магдоносот и лебот и измешајте ги, па со добиената смеса наполнете ги доматите. Тестото распоредете го на два плеха со димензии 10×20, кои претходно сте ги прекриле со масна хартија. Врз тестото распоредете ги наполнетите домати. Останатите јајца изматете ги со сирењето, кашкавалот, павлаката, солта и црниот пипер, па со оваа смеса прелијте го тестото. Печете ги питите на 180 степени околу 40 минути.

Поврзани статии

Back to top button