ЖивотУбави совети

Тридневна детокс диета за исфрлање на килограми и токсини

Пролетта е тука и ако досега одложувавте да се гледате во огледало сега е време да се ослободите од сите токсини од вашето тело, веќе немате причина за одолговлекување. Збогувајте се на здрав начин од плус килограмите кои ги добивте за време на зимскиот период.

Денес ви донесовме тридневен план за многу ефикасна детокс диета која ќе го прочисти вашето тело и ќе ви овозможи брзо и лесно да стигнете до посакуваната тежина. Оваа магична диета може, доколку е правилно применета, да направи чуда во однос на вашата тежина, како и на здравјето на вашата коса, кожа и на вашето тело како целина.

Зошто воопшто ви треба ДЕТОКС диета?

Токсините се масни и многу штетни материи што се акумулираат во организмот а кои предизвикани од внесување на нездрава храна, дури и од отсуство на физичка активност. Затоа, неизбежно е со текот на времето да има зголемување на телесната тежина, но и проблеми како акни, опаѓање на косата, тешко варење и слично. Дијабетесот и високиот крвен притисок се исто така болести поврзани со прекумерна тежина.

Оброк рано наутро – 07:30 – 8:00 часот – 1 лажица ленено семе + 1 исцеден лимон + 1 чаша вода.

Појадок – 08:45 – 09:15 – половина смути од авокадо, 2 лажици семе од чиа, лажици мед и 5 јагоди.

Ужина – 10:30 – 11:00 часот – 1 портокал + 4 бадеми или 1 јаболко + 4 бадеми

Ручек – 12:30 – 13:00 часот – сварен кафеав интегрален ориз, печурки, боранија, моркови, лук и црвен кромид во маслиново масло динстани.

Втора закуска – 15:00 – 16:00 часот – чаша млеко со мелено семе од ким + половина чаша сецкани прстени од краставица.

Вечера – 19:00 часот – Чаша супа од печурки или од друг зеленчук

Оваа диета за детоксикација е дизајнирана така што лесно се подготвува дома, без да одземе многу време. Исто така, состојките споменати се лесно достапни, тие се малку калорични и покрај тоа се исклучително хранливи. Вашата исхрана со оваа диета ќе биде богата со растителни влакна, минерали, протеини и сложени јаглехидрати и ќе почувствувате дека ќе изгубите тежина без глад. Специјално дизајнираното мени ќе го зголеми варењето и ќе ја подобри работата на вашето тело како целина.

Поврзани статии

Back to top button