Убави вести

Цртаниот филм “101 далматинец” имавме можност да го погледнеме во живо!

Денес низ улиците во Карпош се случи неверојатна атракција, цртаниот филм “101 далматинец” имавме можност да го погледнеме во живо.

Маскираните дечиња од @svetotnakolores дефинитивно се позитива на денот, насмеани шетаа и не поздравуваа, а сите случајни минувачи беа со телефоните во раце за да фатат моменти од овој весел 1во априлски настан.

Погледнете ги сликите и уживајте во денот на шегата! Ние ги поздравуваме сите дечиња и целиот тим на градинката за овој прекрасен проект кој ни го развесели денот !

Поврзани статии

Back to top button