За мене…чувај ја душата

Соблечи се.
Соблечи од тебе сѐ.
И алиштата што ти ја покриваат кожата.
И допирите што гребат, пред да остават.
И погледите што даваат надеж, па ја одземаат.
Соблечи сѐ.
Нека останат вените, низ кои поминувам.
Нека останат коските, во чија срж ме сокриваш.
Соблечи се.
Соблечи сѐ.
За мене…чувај ја душата.

Маја Спасовска

Испратете и Вие ваш текст на info@ubavo.mk

loading...