ЖивотУбави совети

Крем супа – идеална вечера за целото сeмејство

Супа од зеленчук може да се подготви на безброј начини.

Особено ја препорачуваме класичната верзија, но исто така пробајте ја вкусната крем супа за која ви подготвивме рецепт во продолжение.

Секој може да зготви супа од зеленчук и веројатно нема поедноставна припрема за оброк – само изберете го вашиот омилен зеленчук, додадете компири, зачини и … подготвен е идеален здрав оброк.

Крем супа од зеленчук

Потребни состојки: 3 моркови, магдонос, парче целер, каранфилче, еден кромид, 5 компири, 1 младо лукче, прстофат сол, црвен пипер, ловоров лист, лажица маслиново масло и еден литар вода.

Начин на подготовка:

Во голем сад ставете ги целерот, морковот и магдоносот исечени на коцки, како и исечканиот лук. Зеленчукот пржете го на маслиново масло. Потоа, на зеленукот додадете литар вода, додадете и ловоров лист. Гответе додека зеленчукот не омекне, а потоа изблендирајте за да добиете крем супа. Зачинете со сол и црн пипер. Пријатно! Може да ја послужите супата со брускети, семки од тиква или ленено семе.

Поврзани статии

Back to top button