Посно, фантастично вкусно и сочно, вистинско слатко задоволство!

Супер вкусен сладок рецепт за сите оние кои се во пост.

Потребно е:
120 гр гриз
120 гр брашно
100 гр шеќер
120 гр маргарин
2 рендани круши
200 гр замрзнато овошје (малини, цреши, јагоди …)
1 лажичка цимет
100 гр суво грозје
1 прашок за пециво

Подготовка:
Измешајте го брашно и прашок за пециво во сад, додадете гриз и мешајте се додека не ја соедините смесата. Додадете рендана исцедена крушка, замрзнато овошје, цимет, стопен маргарин, шеќер, суво грозје и сè добро соединете.

Смесата ќе изгледа малку посува, но таква треба да биде. Намастете мал плех со масло и посипете со брашно, а потоа протресете ја смесата и израмнете. Печете на 200 степени околу еден час. Покријте го горниот дел со фолија, половина час а потоа нека се запече. Фантастично вкусно и сочно, вистинско слатко задоволство. Уживајте!

loading...