Психолог Василевска – Светлата страна на добрината и темната на злото

Во секој човек постои симбиоза на доброто и злото. Тие се две комплементарни појави. Секој поединец во индивидуална смисла поседува помал или поголем дел од добрината или злото. Отсекогаш идеал на секоја заедница бил поседувањето на разновидни доблести меѓу кои и добрината, како алатки за постигнување успех на секое поле, додека злото се сметало за негативна појава. Меѓутоа во денешно време тој концепт видно се променил. Преовладува злото. Токму затоа тврдам дека добрината е реткост, а злото многу честа појава. Иако за жал ова е реалноста, јас секогаш се трудам да правам добри дела и да не бидам под влијание на злото. Трудете се и вие колку што можете и сакате. Според мене добрината е доблест. Таа е еден значаен сегмент на скромноста. Токму затоа е скапа и не секој цели кон неа. Во тој контекст добрината не треба да се сфаќа само
кон себеси. Бидејќи ако си добар само кон себе а злобен кон другите ти си како дрво кое што не дава плодови. Токму затоа треба да се ориентираме и кон другите. Да правиме добри дела (гестови) и кон себе и кон другите. Бидејќи за да се биде добар кон другите, прво треба да се биде добар и кон себе си, а добрите дела се одлика на несебичноста и емпатијата на човекот. Затоа стремете се секогаш кон доброто, бидете добри и љубезни, негувајте ја добрината. Како
што кажуваат и зборовите на Марк Твен: Добрината е јазик што глувите можат да го чујат, а слепите да го видат. И запомнете дека секој мал чин на добрина никогаш не е залуден. И нормално добрината секогаш се враќа со добрина. Доброто секогаш е убаво, а
злото грдо. Бидејќи добрината е светлост шти ни ги трасира патот кон успехот, емпатијата, доблестите, корисноста. Од друга страна пак злото е спротивност, отсуство на доброто. Во денешно време
злото доминира над доброто. Луѓето на подол (зол) начин се обидуваат да дојдат до посакуваната цел. Преку интриги, злосторства, сплетки, нечесни игри и сл. Злото го има постојано, насекаде, во секој сегмент на општествениот живот. Тоа е као темен облак што се
наѕира над нашите животи. Ни ги отежнува животните задачи, обврски, ни поставува препреки, замки, стапици, воопшто ни го отежнува целокупниот наш живот. Злото манипулира со нас, ни се заканува, не плаши, не демотивира, не прави послаби, ни ја одзема
самодовербата, не прави немоќни, иако повеќето поединци се ориентирани кон злото и мислат дека на таков начин ќе успеат и ќе се воздигнат во општеството и животот. Но не се свесни дека преку злото тие се закопуваат уште подлабоко, потонуваат и си го прават
животот потежок и покомплициран. Токму затоа трудете се да го избегнувате злото, колку што можете, бидејќи ако паднете во неговата замка никогаш ќе немате излез. Имено, злото е слабост, недостаток на себељубов, гнев, омраза, тоа е неспособност на
себе си да владееш со себе, да воспоставиш врски со луѓето и општеството. Злото преставува сегмент на немоќноста, совладувајте го и насочете се кон правење добри дела. Затоа тврдам дека злото е симбол на многу интриги во повеќето сфери од заедницата. Не дозволувајте да станете злобни ни кон себе си ни кон другите бидејќи злото е одлика на себичност и незадоволство. Токму затоа дозволете светлината на доброто да ве води, а темнината на злото
оставете ја далеку зад себе, да биде недостижна до вас.

Автор: Ангелина Василевска

Испратете и Вие ваш текст на info@ubavo.mk

loading...