ЖивотУбави муабети

Зошто треба да внесете сок од зелен лимон во вашето секојдневие?

Поради големата количина на витамин Ц, цитрусните овошки се вашата прва одбрана од воспаление на грлото, кашлање, замор, треска и други заболувања во текот на студените денови. Сепак, неопходно е да се продолжи со внесување на цитрусни овошки во текот на другите сезони, особено за време на преодните периоди, со цел нашето здравје да остане на соодветно ниво. За денес издвоивме едно посебно овошје, кое го нарекуваме зелен лимон. Во следните редови, ги откриваме неговите придобивки за вашето здравје. Долго време се користи во антички индиски и кинески методи на лекување поради неговите корисни ефекти.

Одлично влијае врз усната шуплина. Испуканите усни, како и крварењето и отечените непца, се знаци дека на телото му недостасува витамин Ц. Бидејќи зелениот лимон е богат со овој витамин, клучен е и број еден во лекувањето на овие појави.

Антиоксидантните и антибактериски својства на зелениот лимон се многу корисни за здравјето на вашите очи. Витаминот Ц кој се наоѓа во него ги штити вашите очи од стареење, истовремено спречувајќи развој на разни инфекции на очите.

Артритисот е предизвикан од акумулација на вишок урична киселина во телото. Вишокот на урина обично се отстранува со процесот на мокрење и кога се јавува задржување на урина, се јавува многу болна и воспалителна состојба наречена артритис. Лимонска киселина, која се наоѓа во зелениот лимон ја раствора урична киселина и предизвикува нејзино отстранување преку урина. Во исто време, помага во ублажување на болката и воспалението.

Сокот од зелен лимон има природни својства што му овозможуваат да ја намали температурата на телото. Во случаи на умерена до висока температура, потребно е пациентот да пие сок од зелен лимон неколку пати во текот на денот со цел нивото на температурата да се спушти на прифатливо нормално.

Поврзани статии

Back to top button