Здраво, вкусно и слатко задоволство за сите сетила

Подгответе здрав колач кој ќе ве наполни со енергија. Едно парче од колачот дневно е доволно за ден полн со енергија.

Потребни состојки:
100 гр меки овесни снегулки
120 гр бадеми
30 гр сончоглед
30 гр суви кајсии
50 гр кикирики
1 лажица препечена киноа (пржете ја киноа во сува тава, како сусам)
200 гр сурови урми
6 лажици стопено кокосово масло
50 гр стопено темно чоколадо
1 лажица какао
6 лажици јаворов сируп

За прелив:
50-60 гр црно чоколадо
1 лажица кокосово масло

Подготовка: Во мелница прво смелете ги снегулките, бадемите, сончогледот и кикириките. Веднаш додадете сецкани кајсии и киноа. Не сецкајте ги премногу ситно. Додадете урми, кокосово масло, стопено чоколадо, какао и сируп. Промешајте сè заедно за да ја направите смесата компактна, па ставете ја во калап. Премачкајте со стопено темно чоколадо во кое сте додале 1 лажица масло од кокос. Ставете го колачот во фрижидер да се зацврсти пред сечењето.

loading...