ЖивотУбави совети

Брз рецепт за домино коцки

Ви се јаде нешто слатко? За денес одбравме супер вкусен рецепт за слатки домино коцки.

Потребни состојки: 150гр путер, 150гр шеќер, 2 кесички ванилин шечер, 2 лажици цимет, малку сол, 3 јајца, 125гр брашно, 100гр лешници, 2 лажички прашак за печиво, 5 лажици млеко, 150гр џем од малини, 200гр марципан, 300гр чоколадо и 75гр бела чоколада.

Подготовка: Загрејте ја рерната на 175 степени, Измешајте ги путерот, шеќерот, ванилиниот шеќер, цимет и сол. Додајте ги јајцата. Измешајте ги посебно брашното, лешниците и прашакот за печиво, па заедно со млекото замешајте ги во смесата. Тестото прелијте го во лим обложен со масна хартија и печете го 25/30 минути. Загрејте го џемот. Тестото исечете го на пола. Долната кора од тестото намачкајте ја со џемот. Растегнете го марципанот до големина на долната кора и со него прекријте го долниот дел од кората. Повторно премачкајте го останатиот џем и прекријте со горната кора. Исечете го колачот на правоаголници со големина 4/5см. Настрана црната и белата чоколада на пареа. Прелијте ги коцките со темната чоколада и оставете ги да се исушат. Белата чоколада ставете ја во шприц и декорирајте ги колачите кои предходно сте ги прелиле со темно чоколадо.

Поврзани статии

Back to top button