МодаУбави совети

Имате 40+ години и мислите дека сте премногу стари за тексас шорцеви? Па, не сте во право!

Пред да заборавите целосно на тексас шорцевите ова лето, ќе ви откриеме една „тајна“: дамите 40+ сè уште можат да ги носат! Да, добро прочитавте! Подолу ви откриваме како можете да изгледате фантастично во ова парче облека, без разлика колку години имате!

Како да изберете идеални тексас шорцеви:
Прво, обрнете внимание на должината на шорцевите, а во зависност од тоа колку сте високи, зависи и самата должина на облеката. Помалите дами можат да изберат и пократки шорцеви.

Следно по ред е длабочината на струкот, а колку е подлабока, толку подолго изгледаат нозете.

Не земајте помали броеви, затоа што ќе создадете „гевреци“ на страна и на стомак. Држете се до вашата големина.

Кога пробувате шорцеви, обидете се да се свиткате. На овој начин ќе знаете дали ви одговараат на задникот.

Откако ќе ги завршите сите горенаведени чекори, време е да изберете соодветен модел на шорцеви.

Може да одберете модел на шорцеви што порано ги правевме од фармерки. Овие шорцеви се удобни, но фармерките сепак не се доволно тесни за да не размислуваме дали ќе се искинат. Изберете кратки панталони со должина на ногата од околу 7 сантиметри, а половината треба да биде висока околу 25 сантиметри. На тој начин ќе имате доволно простор околу нозете и ќе изгледате фит!

Шорцот со висок струк нè враќа на модата од деведесеттите години, но со мали промени. Висок струк, удобност и суров раб е она што ги привлекува љубителите на овој вид шорцеви. Половината треба да биде висока околу 30 сантиметри, а препорачаната должина на ногата од околу 10 сантиметри.

Шорцевите убаво се комбинираат со блуза во шпански стил со паднати раменици. Фризурите и додатоците треба да се грижат за „возрасниот“ изглед и дозата на елеганција.

Поврзани статии

Back to top button